Berk Özkan
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган, со аплауз им дадоа поддршка на докторите и медицинските работници во борбата против пандемијата со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на официјаниот твитер-профил објави видеозапис на кој може да се види како заедно со сопругата Емине аплаудира, во знак на поддршка на лекарите и медицинските работници кои овие денови вложуваат големи напори за да им помогнат на граѓаните.
„Во мое име и во име на моето семејство и целиот народ испраќам поздрави и аплаузи за нашите херои, нашите медицински работници кои напорно работат и вложуваат големи напори во борбата против коронавирусот“, порача Ердоган.
По овој повод на Твитер се огласи и Емине Ердоган, исто така заблагодарувајќи се на сите доктори и медицински работници за нивниот вложен труд.
„Аплауз за докторите и медицинските работници“, е глобална кампања на социјалните мрежи со која граѓаните во земјите погодени од коронавирусот изразуваат поддршка со излегувањето на балконите и аплаудирајќи им на докторите, медицинските работници. На социјалните мрежи кружат слични видеозаписи од Италија, Шпанија, Германија, Франција и од земјите од регионот.