Burak Bir
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 26 терористи на северниот дел на Сирија, објави денес Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (Аа).
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите, кои планирале напад, биле неутрализирани вчера во регионите Рас ал Ајн и Тал Абјад.
Не е наведено за кои терористи станува збор, но обично терористичката организација ЈПГ/ПКК извршува напад врз цивилите и безбедносните сили во тие региони.
Од 2016 година навака Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.