Orhan Onur Gemici
16 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека терористите на ПКК се неутрализирани преку воздушна операција во подрачјето на Гара.
Според соопштението, операциите кои одлучно продолжуваат, ќе продолжат сѐ до неутрализирање на последниот терорист.