Burak Dağ
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку пет терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, во близина на јужната граница со Турција, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите командоси не дозволуваат преминување на терористички групи. Пет терористи на ЈПГ/ПКК, кои се обидоа да се инфилтрираат во зоната на операцијата „Извор на мирот“, со цел нарушување на мирот и безбедноста, беа неутрализирани“, соопшти Министерството на Твитер.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.