Cankut Taşdan
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во акција на турските сили на подрачјето на Сирт, град на југоистокот на Турција и седиште на истоимената област, уништено е седиштето на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (AA).
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека на подрачјето на планината Херекол неутрализирани се петмина терористи на ПКК, вклучувајќи и висок припадник на организацијата.
Нагласи дека во акцијата е уништена командата на терористичката организација ПКК.
„Нашите специјални сили на планината Херекол неутрализираа петмина терористи. Еден од нив е надлежен за подрачјето на Херекол. Но, најважно е што групата Чемче е уништена, а уништена е и таканаречената команда на ПКК на подрачјето на Херекол“, напиша Сојлу на Твитер.
Припадниците на ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), во текот на период од над 30 години усмртија повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и стари лица.