Barış Gündoğan
03 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку пет терористи на ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското министерство за одбрана соопшти дека терористите биле неутрализирани додека се подготвувале да извршат терористички напад на територијата ослободена за време на антитерористичката операција „Извор на мирот“, што турските сили претходно ја спроведоа во сириската погранична зона.
Се додава дека турските командоси, кои спречиле обид за напад од терористите на ПКК/ЈПГ, неутрализирале петмина терористи.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.