Merve Berker
24 Ноември 2024•Ажурирај: 25 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа девет терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.
Терористите беа цел во зоните на антитерористичките операции „Штитот на Еуфрат“ и „Извор на мирот“, соопшти Министерството на платформата Х.
Во северна Сирија, Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) .
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.