Faruk Zorlu
16 Септември 2023•Ажурирај: 17 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турските сили во воздушни напади извршени претходно неделава кон засолништа на терористите во северен Ирак уништија вкупно 31 цел, неутрализирајќи високи припадници на терористичката организација ПКК, се вели во соопштението за медиумите објавено денес, јавува Анадолу.
„Со цел да се неутрализираат терористите на ПКК/КЏК и другите терористички елементи и да се спречат терористичките напади врз нашиот народ и безбедносните сили од северен Ирак, истовремено обезбедувајќи ја нашата граница, од 13 до 15 септември беа извршени воздушни операции врз терористички цели во регионот Гара во северен Ирак“, соопшти турското Министерство за национална одбрана.
Уништени се пештери, засолништа и скривалишта користени од терористите, соопшти Министерството, истакнувајќи дека на некои од овие локации се наоѓале високи терористи.
Се нагласува дека за време на операциите неутрализирани се значителен број терористи, со користење на муниција од турско производство.
Министерството додаде дека нападите биле извршени во согласност со „правото на Туркије на самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН“ и дека „се преземени сите мерки на претпазливост за да не им се нанесе штета на невините цивили, пријателските елементи, историските и културните добра, како и животната средина“.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.