Gökhan Ergöçün
16 Септември 2023•Ажурирај: 16 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Статус квото воспоставен во текот на Првата и Втората светска војна повеќе не му служи на светот и потребна е нова ера во која Туркије настојува да биде меѓу лидерите, јавува Анадолу.
„Туркије може да постигне успешни резултати во светот така што ќе има корист од секој развој на глобално ниво“, рече Ердоган на церемонијата на отворањето на 10. конгрес на Светскиот турски деловен совет (ДТИК), што се одржа вчера во Истанбул.
Осврнувајќи се на турската дијаспора тој рече дека бројот на турски државјани кои живеат, работат и студираат во други земји достигнува осум милиони.
Нагласи дека Туркије работи на подобрување на економските, социјалните и политичките врски преку институциите како што е ДТИК.
„Така, заедно ќе отвориме нова ера и за нашата татковина и за нашите браќа и сестри во дијаспората“, истакна турскиот претседател.
Тој, исто така, рече дека Туркије не ја искористила доволно моќта на својата дијаспора, особено во западните земји, додавајќи дека послабите дијаспори имаат поголема моќ на политичка страна.
Омер Болат, турскиот министер за трговија, нагласи дека и покрај разорните земјотреси оваа година, Туркије продолжува да се развива.
Тој додаде дека Туркије стана центар на трговијата, инвестициите и туризмот и дека продолжува да ги диверзифицира своите трговски производи и дестинации со постигнување повеќе трговски договори.