Sefa Şahin
07 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили (ТСК) соопштија дека во воздушни операции во областа Зап, во северниот дел на Ирак, уништени се позиции на терористичката организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција, како и разни видови оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана, Турските вооружени сили извршиле воздушни операции во областа Зап, во северниот дел на Ирак.
Во рамките на операциите воените авиони ги уништија позиците на терористичката организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција, како и разни видови оружје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца. ЈПГ/ПКК е нејзин сириски огранок.