Diyar Güldoğan
19 Декември 2022•Ажурирај: 20 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије фати терорист на ДЕАШ кој се бараше со црвена потерница на Интерпол, во обид илегално да влезе во земјата од Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турските вооружени сили, во заедничка операција со жандармеријата, спроведоа успешна операција во близина на јужната област Хатај, којашто се граничи со Сирија, за фаќање на терористот со иницијали М.М.“, се вели во соопштението на Министерството.
„Лицето е успешно фатено при обид да се инфилтрира во нашата земја“, се додава.
Во 2013 година, Туркије стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш во земјата беа изведени повеќе напади од терористичката организација во коишто загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.