Merve Yıldızalp
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во Рас Ал Ајн, во Сирија, идентификувани се нови тунели кои припаѓаат на терористичката организација ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, објавено на Твитер, за време на активностите за пребарување во Рас Ал Ајн, кои продолжуваат, идентификувани се нови тунели кои припаѓаат на терористичката организација ПКК/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.