Miraç Kaya
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
БАЛИКЕСИР
Во рамки на операцијата реализирана во 11 области на Турција против военото структурирање на терористичката организација ФЕТО, фатени се 12 од 21 осомничен против кои е донесена одлука за приведување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на истрагата спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство во турската област Баликесир, започната е операција против 21 осомничен, од кои 11 се војници во активна служба и 10 лица кои биле отстранети од Турските вооружени сили.
Тимовите на Одделот за борба против тероризмот при градската полициска дирекција извршија операции во Баликесир, Истанбул, Гиресун, Анкара, Ерзурум, Ван, Бинѓол, Маниса, Коња, Киркларели и Кахраманмараш, во чии рамки се приведени 12 осомничени лица.
Се нагласува дека во тек се операциите за пребарување на останатите осомничени.