Halil Demir
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица се уапсени во антитерористичка операција во Истанбул, во насока на членовите на терористичката организација MЛКП, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската полиција утрово изврши антитерористичка акција на 24 адреси во неколку населби во Истанбул. Притоа беа уапсени најмалку 15 лица за кои постои сомнение за поврзаност со MЛКП.
Меѓу уапсените се и две лица за кои претходно беше распишана потерница за различни кривични дела.
За време на претресот во овие населби се пронајдени фотографии од луѓе кои биле сместени во Сирија, со цел да се едуцираат, како и документи и дигитална опрема.
Се претпоставува дека осомничените лица биле вклучени во нападите со молотови коктели во делови од Истанбул, како и други криминални активности.
Уапсените терористи биле пренесени во полициска станица со цел да се продолжи со криминалистичката обработка.