Ekipa
17 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 14 од вкупно 27 обвинети во судскиот процес за терористичкиот напад во истанбулскиот кварт Бешикташ, во кој загинаа најмалку 47 лица, се осудени на доживотен затвор. Меѓу нив, четворица се осудени на доживотни казни, и со 4.890 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Истанбул денеска во 29. Кривичен суд за тешки кривични дела беше одржано завршно рочиште и беше изречена пресудата во случајот за терористичкиот напад изведен од ПКК во декември 2016 година.
Со обвинението се опфатени вкупно 27 обвинети, а Судскиот совет денеска донесе одлука обвинетите Зозан Кутум, Мехмет Емин Торе, Ѓулшен Бахадир и Туфан Бејхан да ги осуди на по 47 казни доживотен затвор поради кривичните дела рушење на државното единство и заедништво и за планирано бомбардирање и убивање на 47 цивили.
Судскиот совет, исто така, ги прогласи наведените четири лица за виновни за обид за убиство на најмалку 242 луѓе, како и за бројни други кривични дела, и им изрече казна од по 4.890 години затвор.
Во двојниот бомбашки напад во Истанбул на 10 декември 2016 година, загинаа 47 лица, меѓу кои 36 полицајци. Нападот се случи во истанбулскиот кварт Бешикташ, во близина на стадионот „Водафон Арена“.
Резултатите од истрагата укажаа на тоа дека терористите на ПКК го извршиле нападот со активирање на автомобил бомба, а потоа и со експлозија на елек на еден самоубиец во Истанбул. Еден од ограноците на таа терористичка организација, ТАК, преку интернет ја презеде одговорноста за нападот.