Burak Milli,Cem Genco
08 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ХАТАЈ (АА) - Мухамед Абдулкерим Убејд, 11-годишно сириско момче од Сирија, тешко повредено во воздушниот напад на силите на Асадовиот режим врз Идлиб, е префрлено во Турција на лекување, каде што повторно се сретна со своето семејство, а таа емотивна средба ја забележа камерата на Агенција Анадолија (АА).
Момчето е тешко рането додека играло во паркот, а по лекувањето во Сирија, преместено е во болница во Турција.
Неговото семејство, кое во истиот напад го загубило 10-годишниот син Абдулхамид Убејд, не знаело каде се наоѓа нивниот постар син Мухамед.
Откако на социјалните медиуми се појави видеоснимка на која Мухамед зборува дека сака да го види своето семејство, турските власти помогнаа детето да биде префрлено на лечење во Турција, каде што повторно се сретна со неговата мајка, татко и браќа.
Мајката Емине Шехад, таткото Абдулкерим Ахмед Убејд и браќата не можеа да ги задржат солзите на средбата откако по 18 дена дознаа за нивниот син.
Таткото во разговорот за АА рече дека кога се случил нападот тој бил во градот Сармада, додавајќи дека откако се вратил дома од под урнатините извлекол едно дете, а другиот син бил тешко ранет и бил префрлен во болница.
Меѓутоа, откако го погребале помладиот син, тој отишол во болницата но таму не го нашол Мухамед.
Убејд рече дека неговиот син во нападот го изгубил видот и едната рака и се здобил со изгореници по телото.
Претставникот на хуманитарната фондација ИХХ, Селим Тосун, изјави дека малиот Мухамед го префрлиле на лечење во Турција бидејќибил во тешка состојба.
Раскажа дека решиле да помогнат веднаш штом дознале за видеото на кое Мухамед го бара своето семејство, додавајќи дека е среќен што на крајот успеале повторно да ги соединат.