Seda Sevencan
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Турските сили започнаа нова антитерористичка операција во југоисточната област Батман, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 620 припадници од безбедносните сили и 44 тима на жандармеријата ќе учествуваат во операцијата „Ерен зима-14“ - шехид Сулејман Ѓур, жандермериски наредник“, вели Министерството во соопштението.
Последната операција е дел од тековните напори за елиминирање на терористи на ПКК кои се кријат во регионот.
„Операциите „Ерен зима“, кои се спроведуваат за целосно да се искорени тероризмот во земјата, продолжуваат успешно со поддршката на граѓаните“, се вели во соопштението.
Оваа година Турција ги иницира операциите „Ерен“, наречени по Ерен Булбул, 15-годишно момче, убиено од страна на терористичката група на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.