Mehmet Tosun
10 Ноември 2021•Ажурирај: 11 Ноември 2021
АНКАРА
Терористка на ПКК од листата на барани терористи е неутрализирана во заедничка операција на турската војска и турската разузнавачка служба на подрачјето на северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Назли Ташпинар, припадничка на т.н. Централен комитет на терористичката организација, е неутрализирана во регионот Гара“, изјави безбедносен извор под услов на анонимност.
Терористката, под кодното име „Емине Ерџиес“, се придружила на ПКК во 1994 година и била обучувана од Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК, кој се наоѓа во затвор во Турција.
Се наоѓала на црвената категорија на листата на барани терористи во Турција.
Ташпинар, која имала неколку улоги во терористичката организација и била дел од обуката на женски терористи, ги водела терористичките активности против Турција.
Таа подоцна се преселила во северен Ирак и била одговорна за водење на терористичката група ПАЈК, женски огранок на ПКК.
Ташпинар, која вршела наредби за терористичките активности врз безбедносните сили за време на нејзиниот престој во Сирија, во 2019 година се префрлила во Гара, седиштето на вооружените елементи на терористичката организација
Таа, исто така, е една од извршителите на таканареченото воено крило на терористичката група ХПГ, „YJA-Star“, женски огранок на ПКК и Обединетото народно револуционерно движење (HBDH).
Терористичката организација ПКК често како база го користи северен Ирак, преку турската јужна граница, за криење на припадниците или организирање терористички напади во Турција.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.