Hanife Erdinç,Mehmet Yavaş
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Турската жандармерија утринава приведе група од 160 мигранти кои се обиделе по илегален пат преку Егејското Море да стигнат до грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармеријата, по аномимна дојава испратила патрола на брегот на Егејското Море во местото Сокакагзи во градот Ајваџик и приведе 160 мигранти кои се подготвуваат со чамец да поминат на територијата на Грција.
Приведените се пренесени во станицата на жандармеријата, од каде ќе бидат проследени на понатамошно процесуирање во центарот за мигранти.
Станува збор за мигранти со потекло од Сирија, Авганистан и Ирак, а меѓу нив имало поголем број жени и деца.