Gökhan Zobar
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ЕДРЕНЕ
Во Едрене за студентите кои доаѓаат од Балканот поради образование се одржа програма наречена „Локални средби за приспособување“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пред програмата организирана во соработка со Генералниот директорат за управување со миграција и Меѓународната организација за миграција, гувернерот на Едрене, Екрем Џаналп и неговата сопруга д-р Ајтен Џаналп се сретнаа со учениците за појадок.
Џаналп, посакувајќи им успешна образовна година на учениците, рече дека тие се секогаш заедно со нив.

-„Мобилизирани се сите можности“
Шишам Емин, претседателот на Сојузот на студенти од Северна Македонија кои студираат во Турција, рече дека се спокојни што се наоѓаат во Турција.
Емин, кој е студент на трета година на Економскиот факултет на Универзитетот „Тракија“, наведувајќи дека илјадници студенти од Балканот се школуваат во Турција, нагласи:
„Многу сме среќни што сме во Турција и во Едрене. Едрене, главниот град на Балканот, овој прекрасен град, е секогаш посебно место за нас. Република Турција ги мобилизира сите свои можности за студентите кои доаѓаат од Балканот. Имаме поддршка во здравствените услуги, во образованието и поддршка за престој. Бог да ги благослови, сите можности ни се дадени.“
- „Гордост е да се биде во оваа земја“
Салих Демир, претседател на Меѓународната асоцијација на Балканот, истакна дека Турција е домаќин на студентите од Балканот.
Демир од Западна Тракија, кој е студент на Теолошкиот факултет, наведувајќи дека се чувствуваат како дома, рече: „Ни се обезбедува секаква помош во однос на стипендиите, образованието и престојот. Горди сме на Турција. Гордост е да се биде во оваа земја.“
Фестин Егер од Косово, исто така, нагласи дека во Турција не се чувствуваат дека се во туѓа земја и дека им се дава секаква поддршка.
На средбата на која беа споделени информации за образованието, здравјето, пристапот до пазарот на трудот на студентите, говореа заменик-гувернерот на Едрене, Јусуф Ѓулер, координаторот на Меѓународната организација за миграција, Кемал Пехливанли, проректорот на Универзитетот „Тракија“, проф. д–р Мурат Туркилмаз и директорот за управување со миграцијата во Едрене, Муса Ашилиоглу.