Leyla Ataman Koyuncuoğlu
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Македонија е една од 14-те земји учеснички на Меѓународниот фолклорен фестивал кој оваа година по 4-ти пат се организира во местото Кепез, Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).

Концертите се организираат на плоштадот „Република“ во Општина Кепез, а во своите национални носии, пред гостите на фестивалот, со свои игри и танци се претставија 30 фолклорни групи, 16 од Турција и 14 од странство.

Фолклорните групи од Македонија, Романија, Хрватска, Азербејџан, Република Адигеја, Португалија, Киргистан, Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Узбекистан, Црна Гора, Србија, Турска Република Северен Кипар и Турција на плошадот „Република“ ги претставија своите национални игри и танци, со што им приредија културен празник на стотиците лица што го исполнија плоштадот.
