Hamdi Çelikbaş
31 Август 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца припадници на сепаратистичката терористичка организација ПКК се неутрализирани во воздушен напад на турските сили во регионот Чукурџа, недалеку од Хакќари, град во југоистокот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Вооружените сили на Република Турција е потврдено дека вчера, на 30 август, е извршен воздушен напад во околината на градот Хакќари, во кој се неутрализирани тројца припадници на ПКК. Наведено е дека станува збор за терористи кои подготвувале напад врз турските Вооружени сили.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД.