Zuhal Demirci
19 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека ниту една земја не е над меѓународното право, коментирајќи ја одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за нелегалните еврејски населби, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерот Чавушоглу, на својот твитер-профил напиша: „Ниту една земја не е над меѓународното право. Сфаќањето јас донесов одлука и готово е нема да има валидност во однос на меѓународното право.“
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, синоќа соопшти дека повеќе не ги сметаат за нелегални еврејските населби во окупираниот Западен Брег.
Помпео рече дека администрацијата на Доналд Трамп ја променила политиката од периодот на Барак Обама кон еврејските населени места на Западниот Брег.
Тој, исто така, наведе дека долгогодишниот пристап на САД кон Западниот Брег не помогнал во воспоставувањето мир во регионот.
Помпео потсети дека администрацијата на 39. претседател на САД, Џими Картер, во 1978 година нагласила дека израелските напори за цивилните населени места не се во согласност со меѓународното право, но администрацијата на 40. американски претседател, Роналд Реган, се спротивставувала на тој став.