Tuğrul Çam
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека повлекувањето на терористичката група ЈПГ/ПКК од сирискиот регион Мунбиџ „нема да биде доволно“, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу зборуваше на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Лесото, Лесего Макготи, во главниот турски град Анкара.
„Нема да биде доволно повлекувањето на ЈПГ од Мунбиџ. Ќе има и други градови по Мунбиџ“, изјави Чавушоглу, осврнувајќи се на можната операција на Турција во регионот во блиска иднина.
Кога беше запрашан во врска со присуството на САД во сирискиот град Мунбиџ и односите меѓу Турција и САД, Чавушоглу изјави дека немале договор со САД, туку само „разбирање“ во врска со стабилизирањето во Мунбиџ и источната страна на реката Еуфрат.
„Доколку постигнеме консензус во врска со планот со САД, тогаш можеме да кажеме дека имаме договор. Во моментот, постои разбирање“, изјави Чавушоглу.
На 16 февруари, за време на посетата на американскиот државен секретар во заминување, Рекс Тилерсон на Анкара, двете земји постигнаа „разбирање“ за нормализирање на односите по периодот на тензии, како последица на моменталната ситуација во Сирија.
„Терористичка организација ЈПГ/ПКК треба прво да се повлече од Мунбиџ, за Сирија да преземе чекори со САД, базирани на доверба“, изјави Чавушоглу за време на посетата на Тилерсон.