Mehmet Şah Yılmaz
15 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, упати критика до западните земји поради отсуството на нивни реакции и осуди за крвничкото убивање на 13 турски државјани што беа погубени од припадниците на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Продолжуваат двојните стандарди на Западот кога станува збор за тероризмот и нивната перцепција дека нивните терористи се лоши, а туѓите добри“, порача Чавушоглу во порака преку Твитер.
Само пет часа по објавата на Чавушоглу, Министерството за надворешни работи на САД објави порака со сочувство по повод убиството на 13 турски државјани.
Безбедносните сили на Турција ги пронајдоа телата на најмалку 13 државјани на Турција што крвнички се убиени од припадниците на терористичката организација ПКК. Телата се пронајдени во една од пештерите што ги користеле терористите на ПКК во северниот ирачки регион Гара.
Турските сили во тој регион ја спроведоа антитерористичката операција „Канџа-Орел 2“ и ги неутрализираа терористите и нивните засолништа.