ВАШИНГТОН (АА) - ДИЛДАР БАЈКАН -
Иако поминаа четири години од предавничкиот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, Соединетите Американски Држави (САД) сè уште немаат одговорено на барањата на Република Турција за екстрадиција на водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, и имиња блиски до него, пишува Агенција Анадолија (АА).
Се ближи четвртата годишнина од обидот за пуч во јули 2016 година, а барањата на Турција за испорачување на Ѓулен, и непостоењето на волја кај САД да одговори на тие барања, и понатаму се тема која е клучна во односите меѓу двете земји.
Иако досега се одржаа низа состаноци помеѓу турските и американските претставници на темата ФЕТО и испорачување на Ѓулен, сè уште не се забележани конкретни чекори на тој план.
- Првите чекори во процесот се направени четири дена по обидот за пуч -
Министерството за правда на Турција на 19 јули 2016 година, четири дена по обидот за пуч, испрати барање за испорачување на водачот на ФЕТО, праќајќи четири посебни досиеја. И покрај преговорите на највисоко ниво кои се водени во последните четири години, Турција од САД сè уште нема добиено конкретен одговор кога станува збор за испорачувањето на Ѓулен.
Барање до САД за испорачување на Ѓулен потоа испрати и Генералната канцеларија на турското Министерство на правда за меѓународно право и надворешни односи.
Минитерството за правда на САД во возвратното писмо на 7 август 2016 година предложи во врска со преговорите за испорачување на Ѓулен во САД да дојде турска делегација или американска делегација да допатува во Турција, по што е договорено американска делегација да ја посети Анкара.
- Првите состаноци со американската делегација -
Делегација од четири члена, тројца од американското Министерство за правда и еден од американскиот Стејт департмент, допатуваа во Анкара и на 22 и 23 август учествуваа на преговорите со претставниците на Дирекцијата за меѓународно право и надворешни односи при турското Министерство. Тоа беше првата средба на официјални лица од двете земји во врска со прашањето за екстрадиција на Ѓулен.
Во текот на дводневните преговори, претставниците на турското Министерство на делегацијата од САД ѝ дадоа информации за четирите посебно испратени досиеја за испорачување на Ѓулен. Покрај тоа, тие со американските претставници споделија значајни докази дека обидот за државен удар во Турција е изведен под наредба на Ѓулен.
Преговорите меѓу турските и американските официјални претставници за испорачувањето на Ѓулен првиот ден траеја девет часа, додека вториот ден осум часа.
Откако се појавија и други докази за тоа дека зад обидот за пуч стои ФЕТО, Министерството за правда на Турција на 10 септември 2016 година испрати официјално барање до американското Министерство за правда за привремено апсење на Ѓулен, за кој е нагласено дека е главен налогодавач на обидот за пуч во Турција.
- Состаноците во САД -
Тогашниот министер за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, во два наврати престојуваше во Вашингтон, а во текот на состанокот со Лорета Линч, американската државна секретарка за правда, сподели информации за ФЕТО, кој стои зад обидот за пуч, и повторно побара апсење и екстрадиција на Ѓулен, нагласувајќи ја чувствителноста на тоа прашање за Турција.
Боздаг во февруари 2017 година испрати писмо до министерот за правда на САД, Џеф Сешнс, кој беше назначен за министер во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а во средината на март 2017 година имаше и телефонски разговор, во кој ја нагласи важноста на испорачувањето на Ѓулен за Турција.
Боздаг на 8 мај во Вашингтон повторно се состана со Сешнс, во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД на 16 и 17 мај. Тој повторно го информираше Сешнс дека обидот за пуч е извршен по наредба и команда на Ѓулен.
- ФЕТО во фокусот на состанокот помеѓу Ердоган и Трамп во Вашингтон -
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојуваше во посета на Вашингтон од 15 до 17 мај 2017 година, а за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп стана збор и за испорачувањето на Ѓулен.
Новоименуваниот министер за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, продолжи со испраќањето барања до САД за испорачување на Ѓулен, во рамките на кои до американските институции беа испраќани нови докази за ФЕТО.
Барањето за испорачување на Ѓулен е испратено и на 3 ноември 2017 година, а во седмото досие испратено до САД се вклучени и докази за обидот за атентат врз турскиот претседател Ердоган, во периодот кога беше извршен и обидот за пуч.
Турскиот министер за правда, Ѓул, четири дена подоцна оствари и телефонски разговор со својот американски колега Сешнс во кој разговарано е за испорачувањето на Ѓулен. Екстрадицијата на водачот на ФЕТО Ѓул ја побара и во писмото што го испрати до Сешнс на 15 декември 2017 година.
Американската делегација на 13 јули 2018 година допатува во Анкара по повод состанокот на работните групи на двете земји, на кој се зборуваше за испорачувањето на Ѓулен.
- Состаноците со делегацијата од САД -
Во Анкара од 3 до 4 јануари 2019 година се одржаа повеќе состаноци со американската делегација, во која имаше и претставници од ФБИ, што вкупно беше шеста средба на делегациите на двете држави на темата испорачување на Ѓулен.
Министерот за правда, Ѓул, упати честитка до новоименуваниот министер за правда на САД, Вилијам Бар, и во таа прилика укажа на значењето на испорачувањето на Ѓулен за Турција, како и очекувањата на Турција по тоа прашање.
- Последната посета на Ѓул на 11 јуни 2019 година -
Министерот Ѓул последен пат престојуваше во Вашингтон на 11 јуни 2019 година, каде одржа низа состаноци, по кои за АА изјави:
„Разговаравме опширно за процесот на испорачување на Ѓулен, тема која е од голема важност за Турција. Споделивме докази и документи кои јасно ја потврдуваат директната врска на ФЕТО со обидот за пуч на 15 јули. Овие нови и многу важни докажи ги предадовме директно на министерот за правда.“
- За кои други лица е барано испорачување -
Министерството за правда на Република Турција, освен за водачот на терористите, Фетула Ѓулен, побара испорачување и на други челни имиња на терористичката организација ФЕТО кои престојуваат во САД.
Меѓу нив е и Џевдет Туркјолу, близок соработник на водачот на ФЕТО, оженет со роднина на Фетула Ѓулен, инаку личност од висока доверба на Фетула Ѓулен. Потоа побарана е екстрадиција и на Кудрет Унал, Екрем Думанли, Емрула Услу, Хакан Шукур, Ихсан Калкаван.
- Каков став зазедоа САД? -
И покрај сите изнесени докази, како за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама така и за мандатот на Доналд Трамп, американската страна не презеде конкретни чекори во процесот на испорачување на Ѓулен.
Ноќта на 15 јули, додека траеше обидот за пуч, иако турските власти веќе соопштија дека станува збор за обид за пуч, поддршката на САД за избраната влада во Турција пристигна дури по три часа.
Првата изјава што Анкара ја очекуваше од администрацијата на САД стигна откако беше потврдено дека претседателот Ердоган е жив, дека не е во рацете на пучистите, односно кога стана јасно дека државниот удар нема да успее.
Американскиот потпретседател, Џо Бајден, ја посети Анкара дури месец и половина по обидот за пуч.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прими Бајден, кој потоа се состана и со тогашниот премиер Бинали Јилидирим. Тема на разговорот беше испорачувањето на Ѓулен.
На заедничката прес-конференција со претседателот Ердоган, Бајден се извини што не ја посети Турција веднаш по обидот за пуч.
„Би сакал да можев да дојдам порано“, рече Бајден.
Потоа, во септември 2016 година одржан е состанок помеѓу Барак Обама и претседателот Ердоган на маргините на самитот на Г-20 во Кина. Наведувајќи дека во тој момент јасно го осудил обидот за пуч и разговарал со претседателот Ердоган, Обама изјави дека САД се „посветени на истрагата и изведувањето на извршителите на тие незаконски дела пред судот“.
- Во текот на мандатот на Трамп прашањето за ФЕТО го засени домашната политика -
Додека администрацијата на Обама, која во тој период ги живееше последните денови од својот мандат, не презеде конкретни чекори за испорачување на Ѓулен, фокусот се врати на Доналд Трамп, кој победи на изборите во ноември истата година и ја презеде Белата куќа во јануари 2017 година.
Иако од Трамп се очекуваше дека ќе преземе чекори по ова прашање, новиот американски претседател на самиот почеток на мандатот се соочи со истрагата за Русија, а потоа и со процесот за негов импичмент. Така што ниту Трамп не презеде конкретен чекор за испорачување на Ѓулен, што го очекув�
news_share_descriptionsubscription_contact


