Ertuğrul Subaşı
20 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Мехмет Ѓормез во пораката до турскиот народ порача дека ова е време кога сите 79 милиони луѓе во таа земја треба да се обединат, да ги остават на страна сите политички, верски и идеолошки разлики, и заедно да се борат за волјата на народот, слободата, демократијата и сите материјални и духовни интереси на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во седиштето на Управата за верски работи на Турција, одржана е вонредна седница на муфтии на 81 покраина на таа земја на која на чело со Ѓормез дискутираа за неуспешниот обид на државниот удар и актуелната ситуација во Турција.
По состанокот Ѓормез ја причита заедничаката декларација во која се истакнува како со храброста и одлучноста на народот во петок вечерта е спречен обидот за државен удат и спречени се целите на групата пучисти и предавници кои претходно се инфилтрирани во турските вооружени сили.
„Нашата патриотска нација не дозволува да се погази волјата на народот и да се сруши правниот систем” , изјави Ѓормез и додаде дека народот храбро застана и невооружен се спротистави на предавниците кои планираа да ги погазат сите вредности и слобода во земјата.
- Ѓормез: Откриени се сите валкани соништа на терористичката организација
Челникот на турската Управа за верски работи, Ѓормез, изјави дека терористичката организација ФЕТО/ПДЈ со години ги злоупотребувала и ги мамела добрите, искрени и религиозни луѓе и ги претворала во верска мотивирана предавничка мрежа, а со ковање на соништата за преземање на целата земја работела на преземање на цивилната и воената бирократија.
Ѓормез изјави дека турскиот народ препознал и сфатил дека зад неуспешниот предавнички обид на хунтите стои организацијата ФЕТО/ПДЈ
„На виделина излегоа сите валкани соништа на организацијата која својот труд и активности ги спроведувала под повезот на религијата и ги искористувала верските и милосрдните чувтсва на народот. На сите нас ни стана јасно дека тоа е заедница која се претставувавала како борец за добрина, а уствари се работи за поединци кои се борат за непријателство и зло”, изјави Ѓормез.
- Ѓормез: Сите мораме да бидеме будни и внимателни
Во изјавата по вонредниот состаноксо турските муфтии, Ѓормез ја истакна неопходноста на будноста и внимателноста во процес на откривање на корените, мотивитие и контактите на болните структури, и додаде дека е потребна ладнокрвна анализа, дијалог и промисленост.
Тој додаде дека сите службеници на Управата за верски работи веднаш застанале на страна на народот и против пучистите, и дека дале придонес на народната борба за демократија на тој начин што од минарето на сите џамии биле повикани молитви, но дека службениците и на улиците биле заедно со народот.
„Тоа што е спречен проектот кој долго време е подготвуван не смее да не залажува дека структурата е неутрализирана. Сите мораме да бидеме будни и внимателни доколку на други начини се обидат да го скараат народот и да се обидат да реализираат неостварени цели” , порача Ѓормез.
Тој нагласи дека сите службеници на Управата треба да се однесуваат во склад со уставни и законски рамки и надлежтости на пружање на верски услуги, и дека нема да биде дозволено пристапите да бидат базирани на дискриминација и поделби на било кои основи.
„Не смее да се дозволи од овие нереди да никнат нови мрежи на насилство и тероризам. Потребно е да се спречат сите обиди на предизвикување на судири на верски, етнички или било кои други основи. Ова е време за заедничка борба за демократија, слобода и интереси на народот и државата”,заклучи Ѓормез.