Mustafa Hatipoğlu,Çiğdem Alyanak,Filiz Kınık
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Турција Бинали Јилдирим се придружи на Маршот на национално единство и демократија во Истанбул, на кон учествуваат стотици илјади граѓани за да ја одбележат првата годишнина од обидот за воен удар кој на денешен ден го изведе терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим е во придружба на заменикот на Партијата на правдата и развојот (АК Парти)Хајати Јазиџи, Мустафа Аташ, Равза Кавкачи Кан, како и градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш, стаса до плоштадот Ченгелкој, каде го причекаа заменик премиерот Нуман Куртулмуш и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Сите заедно се упатија кон Мостот на шехидите од 15. јули каде со програма ќе биде одбележана првата годишнина од обидот за воен удар и сеќавање на загинатите во ноќта на 15. јули.
„Драги граѓани на Истанбул, сега заедно тргнуваме кон споменикот на нашите шехиди. Заедно чекориме за иднина, за стабилност, за едниство, за заедништво, за народ, за знаме, за државата, за тоа терористичките организации и пучистите никогаш повеќе да не се осмелат на обид за државен удар", рече Јилдирим додека се движеше во колоната кон Мостот на шехидите од 15. јули.
На денешен ден инфилтрираните припадниците на ФЕТО во турските вооружени сили изведоа обид за воен удар во Турција, а обидот е спречен откако што милиони граѓани на Турција на повик на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган излегоа на улиците и со голи раце ги запреа пучистите.
По примерот на тој повик, граѓаните и денеска се собраа на три локалитети во Истанбул и тоа на Кисикли плоштат, Џенгелкој и платото Алтунизаде.
Во другите колони собраните тргнаа кон мостот Богазиџи, кој накнадно е преименуван во „Мост на шехидите од 15.јули".
На собраните граѓани ќе им се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој вечерва ќе присуствува и на посебна програма во турскиот парламент во Анкара.
Во текот на обидот за воен удар минатата година во Турција загинаа 250, а ранети се речиси 2.200 луѓе, а мостот на Босфор на кој денеска се собра голема маса луѓе беше и едно од местата на кои пучистите отворија оган на граѓаните кои застанаа во одбрана на државниот поредок.
Веќе во првите моменти во попладневите часови на 15. јули минатата година пучистите со тенкови го блокираа мостот и го контролираа до утринските часови кога обидот е задушен, а повеќето пучисти уапсени.
Исто како и минатата година, на повикот на Ердоган граѓаните и вечерва ќе ги испочнат плоштадите и улиците на сите турски градови за да ја чуваат стражата за демократијата и уште еднаш да покажат дека цврсто стојат зад државата и демократскиот поредок во неа.
Програмата на одбележувањето на годишнината на обидот за пуч во Истанбул се одржува со засилени безбедносни мерки во кои се ангажирани 25.000 полицајци а на терен се и илјада медицински и други служби.
Маршот за демократијата во Истанбул е еден од сегментите на седумдневата манифестација "Денови на национално единство и демократија", со која во таа земја се одбележува првата годишнина од предавничкиот обид за воен удар зад кој стои терористичката мрежа на ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен.