Kayhan Gül,Furkan Naci Top
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Со надеж за подобар живот десетици илјади бегалци кои ги напуштија своите домови и трнаа кон Европа, сѐ уште се во исчекување на отворањето на Балканската рута, која беше затворена на 9-ти март.
Прво Хрватска, потоа Србија и Македонија донесоа одлука за затворање на границите за бегалците. Голем број на бегалци по затвореањето на границите, се сместени во камповите и прифатните центри на државите во кои се затекнаа.
Прва држава од Балканската рута и место каде бегалците пристигаат по морски пат е Грција, која под државна контрола има 39 бегалски кампови. Покрај овие, во Грција има и неофицијални кампови и центри за згрижување организирани од страна на ОН. Во Грција во моментов има 56.071 бегалец.
Најоптеретено место во Грција е северниот дел на државата, блиску до границата со Македонија, каде има 26 кампови, од кои 10 се наоѓаат на границите на градот Солун, во кои престојуваат 23.837 бегалци.
Во областа Атики има седум кампа, од кои еден е во близина на Атина. Таму се сместени 9.943 бегалци. Во централниот дел од Грција има 5 кампа со 2.234 бегалци. На југот од земјата има еден камп во кој престојуваат 248 бегалци.
Покрај камповите кои се под контрола на државата, во неофицијалните кампови престојуваат околу 5.000 бегалци. Меѓу овие, најважен е оној близу Пиреја. Таму престојуваат околу 4.303 бегалци. Се претпоставува дека уште околу 1.500 бегалци продолжуваат да живеат со сопствени можности во различни живеалишта низ Грција.
Од друга страна, Турција и ЕУ потпишаа спогодба, за контрола на патувањето на бегалците, според која на бегалците не им се дозволува да патуваат кон европските земји. Тука спаѓаат и петте грчки острови (Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос) на кои во прифатните центри се наоѓаат 8.422 бегалци.
Во програмата на Обединетите нации со програмата за заштита и згрижување на заведените бегалци, на островите во изнајмени згради и станови сместени се 5.602 бегалци.
Во Грција, Европската канцеларија за поддршка на азил (EASO) и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНЦХР), започна акција на пререгистрација на бегалците во официјалните кампови.
Во тие рамки, се пополнуваат формулари за барање азил во Грција или други земји. Според резултатите од барањата, барателите на азил или ќе бидат одново сместени, депортирани, трансферирани во други држави или ќе можат да останат во државата.
- Македонија, Србија, Хрватска
Бегалците преку Грција, Македонија, Србија, потоа преку Хрватска напредуваа кон Европските земји.
Една од државите на балканот која најмногу ја почуствува кризата беше Македонија.
На југот од државата, во кампот Винојуг во близина на Гевгелија, сместени се 133 бегалци, додека на северот, близу српската граница, во кампот Табановце сместени се 166 бегалци. Покрај ова, во центарот за странци во Скопје престојуваат 22 беалци.
Бегалска криза минатата година најинтензивно ја почувствува Србија, кога низ неа минаа 579.518 бегалци. Во првите четири месеци од 2016 година бројката на барање за азил поднеле 2.484 бегалци.
Србија има 5 активни прифатни центри (Крњаци, Бања Ковиљача, Сјеница и Тутин), во кои се сместени 678 бегалци. Затворени се 12 центри кои работеле за време на кризниот периот.
Друга држава од балканската траса е Хрватска, во која има три активни прифатни центри (загреб, Кутина и Јежево), во кои се сместени 226 бегалци. Прифатниот центар во Славонски Брод се затвори со затворањето на Балканката траса.
Во рамките на програмата за одново сместување, се планира во Риека и Сплит да бидат сместени 600 бегалци. Најавено е Хрватска, почнувајќи од месец јули, месечно да прифаќа по 80 бегалци. Министерот за внатрешни работи Влахо Опериќ соопшти дека бегалците кои ќе дојдат во Хрватска, нема да бидат престојуваат во прифатни центри или кампови, туку во ќе бидат сместени во јавни станови или станови кои им припаѓаат на поединци.