Sefa Mutlu
10 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Групата за солидарност со Босна нагласи дека геноцидот во Сребреница можеше да не се случи доколку целта на светските сили беше загриженоста за правдата и доколку на Бошњаците им беше дадено правото за самоодбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Групата за солидарност со Босна се укажува на случувањата пред геноцидот во Сребреница, кој се опишува како најголемата човечка трагедија во Еврпа по Втората светска војна.
Потсетувајќи дека Босна и Херцеговина беше нападната од страна на своите два соседи, во соопштението се наведува дека главната цел на војната беше поделбата на Босна и Херцеговина.
Оваа група нагласи дека Бошњаците покажаа неверојатен отпор и со помошта на муслиманите во светот.
„Босна и Херцеговина покажа отпор против војните на бандите по цена на големи болки, иако беше планирано земјата да се предаде за две недели. Во втората година беше формирана војската, во третата година премина во контранапад и во голема мера ги спаси териториите на земјата“, се истакнува во соопштението.
„Во период од три дена, сите мажи и момчиња на возраст над 12 години измачувајќи беа масакрирани. Закопани се во масовни гробници претходно подготвени. Сменети се некои од масовните гробници поради сомневање дека би можеле да бидат пронајдени. Бидејќи користените градежни машини ги распарчиле труповите, деловите од еден ист труп биле пронајдени во две, три масовни гробници, дури деловите од неколку телата биле откриени во пет различни масовни гробници“, се додава во соопштението, во кое се вели дека во Сребреница загинаа над 12.000 лица, и дека секоја година се откриваат голем број масовни гробници.
Групата исто така нагласи дека последиците на грешките направени пред масакрите, како и игнорираните прекршувања, биле тешки.
„Да не им беше собрано оружјето на босанските цивили; холандската единица да покажеше отпор и да не го предадеше градот; воените авиони во базата на НАТО во Италија решително да полетаа за да ги спречат српските трупи во Сребреница до каде што можеа да се стигнат за 15-20 минути; меѓународната заедница да ја вршеше својата задача и беа спроведени санкции против агресијата и воените злосторства; доколку ембаргото за оружје кое требаше да се примени за да се спречи ширењето на војната не се спроведеше само кон Бошњаците - значи ако го оценуваме сево ова, ако целта на светските сили беше загриженоста за правдата и ако на Бошњаците им беше дадено правото за самоодбрана, тогаш овој геноцид немаше да се случи“, се нагласува во соопштението на Групата за солидарност со Босна.