Fatjon Cuka,Furkan Abdula
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ТИРАНА (АА) - Државниот обвинител на Албанија, Адриатик Лала, изјави дека постојат сомневања оти некои од учесниците во неуспешниот јулски обид за воен удар во Турција да се кријат во Албанија и најави дека албанските институции ќе започнат истрага во врска со тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО на 15 јули минатата годинаизврши неуспешен обид за воен удар во Турција, а многу пучисти и припадници на оваа организација им избегаа на турските органи на прогонот во трети земји.
Во своето денешно обраќање на новинарите, обвинителот Лала истакна дека турските власти на своите албански колеги на меѓународната конференција за новите методи на истрага и борба против терористичките организации, им ги доставиле сите информации во врска со обидот за воен удар.
Тој истакна дека Турција спроведува обемна истрага за неуспешниот обид за државен удар и дека турските институции им понудиле соработка на албанските институции во истрагата во врска со сомненијата дека некои од пучистите избегале токму во Албанија.
„Турските институции се сомневаат дека лица вмешани во јулскиот обид за државен удар, сега под плаштот на претприемништвото се кријат во Албанија. Во овој контекст, албанските институции ќе спроведат истрага во согласност со законските рамки на земјата“, рече Лала.
Обвинителот Лала во неделата во Тирана се состана со турскиот државен обвинител Мехмет Акарџа.