Agim Sulaj
13 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово е регистриран нов рекорд на заразени со коронавирусот (Ковид-19) во текот на едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се дијагностицирани уште 963 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 27.851.
Во Косово починаа 13 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 797.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.059 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 115.794 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 16.862 лица. Моментално има 10.192 активни случаи.