Andelija Stojkovic
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во последните 24 часа регистирани се 82 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) во Србија, а едно лице почина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Србија во последните 24 часа се тестирани 3.317 лица.
Моментално се активни 475 случаи, а на респиратори се 15 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија вкупно се тестирани 272.502 лица, потврдени се 11.823 случаи, починаа 249 лица, а стапката на смртност е 2,11 отсто.