Bojana Stojanovic
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија синоќа стигнаа уште половина милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ против коронавирусот, кои на Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ги пречека премиерката Ана Брнабиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Брнабиќ ѝ се заблагодари на Кина за нејзината поддршка на Србија во текот на борбата против коронавирусот.
„Ви благодарам за ова количество вакцини. Денеска, кога го пречекуваме овој контингент, имаме 1,5 милиони вакцини на Синофарм“, изјави премиерката.
Кинеската амбасадорка во Србија, Чен Бо, изрази „големо воодушевување од организацијата на процесот на вакцинација во Србија, за што придонесе и Кина“.
Во Србија завчера стигнаа и 50.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, и како што е најавено, во наредните 15 дена ќе стигнат уште толку, а до крајот на месецот и 88.000 дози од вакцината на „Фајзер“ и помеѓу 125.000 и 150.000 вакцини на „АстраЗенека“.