Kristina Maslareviç
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
БЕЛГРАД (АА) - Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денес се состана со претседателот на Српскиот народен совет во Република Хрватска, Милорад Пуповац, а за време на состанокот разговараа за актуелната позицијата на Србија во Хрватска, јавува Anadolu Agency.
Разменувајќи мислења на кој начин Владата на Србија може да придонесе за решавањето на тешкотиите со кои Србија и Хрватска се соочуваат во унапредувањето на нивната позиција, Вучиќ и Пуповац изразија очекување дека решавањето на објективните тешкотии и унапредување на позицијата на Србија, ќе биде решавано во дијалог со Владата на Хрватска.
Како сооппшти Службата за медиуми на премиерот на Србија, одлучено е Владата на Србија да помогне на институциите на српската заедница во јакнење на нивните програмски капацитети, особено во сферата на образование и култура.
Разгледувајќи ги односите на Србија и Хрватска, премиерот Вучиќ истакна дека Србија е определена за добрососедски односи со Хрватска, решавање на отворени прашања, како и регионална соработка и соработка во рамките на евроинтеграции, со цел обнова на довербата и зачувување на стабилноста.