Andjelija Stojkovic
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
БЕЛГРАД (AA) - Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ денеска во Белград изјави дека тужбата која против Србија „сакаат да ја покренат дел од бошњачките политичари", би можела да биде избор на нови тензии, јавува Anadolu Agency (АА).
„Поголеми и нови тензии, кои постојат. Пред се, дел од бошњачките политичари се обидуваат да ја обноват тужбата против Србија, против што сум јас и сите политичари од редот на српскиот народ, па и од хрватскиот, и мислам дека тоа би можело да воведе во нова криза", рече Иваниќ.
Додаде дека на сите јасно им ставил до знаење дека „Босна и Херцеговина како држава не стои зад таа тужба".
Запрашан да каже конкретно кои политичари сакаат обновување на тужбата на Босна и Херцеговина против Србија пред Меѓународниот суд на правда во Хаг, Иваниќ рече дека станува збор првенствено за „бошњачките политичари".
Меѓународниот суд на правда во февруари 2007. година како неоснована ја отфрли тужбата на БиХ против СР Југославија, односно Србија, за агресија и геноцид. Со пресудата на БиХ и е оставена можност во рок од десет години да покрене постапка на ревизија доколку во тој период собере нови докази кои одат во прилог на тужбата. Рокот за покренување на постапката на ревизијата завршува во февруари 2017. година.