Elvır Hodzıc
20 Мај 2023•Ажурирај: 21 Мај 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Авион од типот „Cirrus SR20“ исчезна денес од радарот на патот од Марибор кон Пула, пренесува Анадолу.
Локалните медиуми информираат дека авионот исчезнал кај Мала Капела, а на радарот за последен пат е виден меѓу 12:30 и 13:00 часот.
Авионот уште не е лоциран и во тек е потрага по него. Во акцијата се вклучени Хрватската планинска служба за спасување (ХПСС), полицијата и Државната интервентна единица.
Засега не е позната бројката на патници што се наоѓале во авионот.
Министерството за внатрешни работи на Хрватска се огласи со соопштение во кое наведува:
„Хрватската контрола на воздушна пловидба го информираше Оперативниот центар на цивилната заштита на Дирекцијата за цивилна заштита дека денес, 10.5.2023, околу 12:30 часот северно од местото Језеране од радар исчезнал мал авион од типот 'Cirrus 20' со ознака PHYMC, што летал од Марибор кон Пула.“