Agim Sulaj
08 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 17 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.137, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 557 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 43.881.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.541 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 155.625 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 30.157 лица. Моментално има 12.587 активни случаи.