Agim Sulaj
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, истакна дека уште четири лица биле дијагностицирани со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што бројот на откриени случаи во земјата се искачи на 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Витиа оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека три од четирите ново откриени случаи имале контакт со еден од пациентите кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19.
„Сега во Косово имам девет позитивни случаи со Ковид-19“, рече Витиа, нагласувајќи дека побарал од премиерот на Албанија, Албин Курти, да прогласи итна состојба за јавното здравје.