Agim Sulaj
17 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 5 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.553, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 297 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 65.065.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.667 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 274.160 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 56.655 лица. Во моментов во земјата има 6.857 активни случаи.