Agim Sulaj
05 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени 5 нови случаи со вирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 145 лица, меѓу кои и 23 излекувани лица и еден починат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Националниот институт за јавно здравје на Косово се наведува дека денес во Лабораторијата за молекуларна бикробиологија биле тестирани 93 лица, од кои пет се позитивни на Ковид-19.
Од 8 февруари досега тестирани се вкупно 1.964 сомнителни случаи, од кои вкупно 145 биле позитивни, меѓу кои еден починат, и 23 излекувани лица.
Денес во текот на денот Владата на Косово донесе одлука за укинување на полицискиот час на 12 април, додека останатите ограничувања на Владата чија цел е спречување на ширењето на Ковид-19, се продолжени до донесување друга одлука.