Zylfije Adem Jakupi
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово тестирани се 3.586 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 774 се позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека последното деноноќие од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 4 лица, вкупно 1.844 од почетокот на пандемијата.
Од почетокот на пандемијата досега тестирани се 418.488 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 88.755 случаи се позитивни.
Во последните 24 часа оздравеа 903 лица, со што вкупната бројка на оздравени во Косово се зголеми на 73.318. Во моментов во таа земја активни се 13.593 случаи на зараза со Ковид-19.