Zylfije Adem Jakupi
11 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ПРИШТИНА (АА) - Основниот суд во Приштина денес ја соопшти пресудата со која Зоран Ѓокиќ од Пеќ се осудува на затворска казна од 12 години за воени злосторства извршени во текот на март и април 1999 година во Пеќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зоран Ѓокиќ беше уапсен на преминот „Јариње“ и е во притвор од февруари 2019 година. Во изречената казна ќе му се пресмета и времето поминато во притвор.
Судскиот совет, со кој претседаваше судијата Арбен Хоти, го прогласи Ѓокиќ виновен за злосторство кое со криминалните групи го сторил против цивилното население во април и март 1999 година во населбите Кај солитерот и Кристал во Пеќ.
Осудениот Ѓокиќ врз основа на обвинението учествуваше во акција на група српски војници и полициски униформирани паравоени сили во психичко и физичко злоставување и протерување на Албанците од своите домови.
Судијата Хоти наведе дека судот одделно ги анализирал сите докази и ја утврдил фактичката состојба врз основа на сведочењата на сведоците и материјалните докази, изведувајќи заклучоци за утврдување на конкретните факти во овој случај.