Furkan Abdula
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 7 пациенти како последица на заразеност со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 256, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се детектирани уште 250 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со коронавирусот во земјата се искачи на 9.049.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 454 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 37.865 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 4.989 лица. Моментално има 3.804 активни случаи.