Zylfije Adem Jakupi
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ПРИШТИНА
Министерството за здравство на Косово соопшти дека во Косово во последните 24 часа се тестирани 2.849 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 100 биле позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не е регистриран ниту еден смртен случај предизвикан поради заразеност со Ковид-19. Денес оздравеле тројца граѓани, додека вкупниот број на оздравени изнесува 105.660. Вкупниот број на активни случаи на заразеност во Косово изнесува 539.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Косово тестирани се 736.283 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 108.465 биле позитивни на коронавирус. Од последиците на заразеност со Ковид-19 досега животот го загубија 2.266 лица.