Zylfije Adem Jakupi
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ПРИШТИНА
Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово Мелиза Харадинај-Стубла и министерот за правда на Косово Селим Селими престојуваа денес во првата официјална посета на Владата на Косово во општините од Прешевската долина, на југот на Србија, каде живее мнозинско албанското население, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Косовските министри првин ги прими претседателот на општина Прешево Шкиприм Арифи, со кој е разговарано за положбата на Албанците од Прешевската долина и можностите да им се пружи поддршка, соопштено е од Министерството за правда на Косово.
Арифи во таа пригода изјави дека е потребно учество на претставниците од Прешевската долина на состаноците на Владата на Косово и Албанија, поради синхронизација на политиките, а посебно вклучувње во процесот на дијалог, бидејќи договорот постигнат помеѓу Косово и Србија би бил нестабилен без нив.
Министерот Селими рече дека Косово останува посветено да помогне и пружи безрезервна соработка за да се направи најдоброто за Албанците од таа област.
„Како министер за правда, во моето име и во името на Владата на Република Косово, ве уверувам дека и понатаму ќе имаме посветен пристап и ќе ја продолжиме соработката како од политички аспект, така и во сферата на економијата и културата со цел подобрување и унапредување на положбата на Албанците од Прешевска долина", рече Селими.
Министерката Харадинај - Стубла рече дека треба да запре дискриминаторското, селективното и намерното бришење на Албанците од Прешевската долина од цивилните регистри, како здравствена и човечка негрижа на официјален Белград кон Албанците од тоа подрачје, соопшти Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово.
„Република Косово ќе биде посветена на решавање на овие прашања на највисоки меѓународни нивоа", рече таа.
Косовската делегација престојуваше и во општината Бујановац, каде и во Прешево живее мнозинско албанско население. Дел од косовската делегација беше и извршниот директор на Американската стопанска комора на Косово Ариан Зека, бидејќи многумина претпријатија од Прешевската долина се нејзини членови.