Vesna Besic
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ПОТОЧАРИ (АА) - Камионот со 71 ковчег во кои се наоѓаат посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница кој утринава тргна од Високо, по минувањето низ главниот град на БиХ и оддавањето почест на жртвите, пристигна во Поточари, каде што на 11. јули ќе се изврши колективното погребување, јавува Anadolu Agency (AA).
Мајки, браќа, сестри, татковци, но и голем број, роднини и пријатели стигнаа пред поранешната Фабрика за акумулатори во комплексот на Меморијалниот центар Сребреница-Поточари, за да се збогуваат со членовите на семејствата по чии коски трагаат повеќе од две децении.
Тие во тишина, како и претходните години, формираа два реда од камионите со посмртните остатоци од жрвите од Сребреница па до влезот во просторот на некогашната фабрика за на раце да ги пренесат ковчезите.
Ковчезите со посмртните останки на жртвите убиени во јули 1995 година, ќе бидат изнесени на 10 јули до своето почивалиште во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари.
Камионот покриен со знамето на БиХ, утринава од Градските гробишта во Високо тргна кон Поточари, каде што на 11. јули ќе се изврши колективен погреб, на 22. годишнина од геноцидот во Сребреница.
Меѓу 71 жртва кои оваа година ќе бидат погребани се наоѓаат и седум малолетници. Најмладата жртва што ќе бида погребана на 11. јули во Поточари има 15 години, додека најстарата жртва е родена во 1923 година.