Sanja Zivanovic
04 Март 2025•Ажурирај: 05 Март 2025
БЕЛГРАД (АА) - Седницата на Народното собрание на Србија е прекината откако претставниците на опозицијата фрлија димни бомби и запалија димни факели по влегувањето на владините министри, а дојде и до физичка пресметка, јавува Анадолу.
Пратеничките групи на опозицијата наведоа дека пратениците од опозицијата сметаат дека „Владата паднала“ и дека претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, „се обидува во салата да внесе министри од Владата што падна“.
Тие изнесоа предлог денеска на дневен ред да биде само една точка за измени на Законот за високо образование.
Брнабиќ рече дека седницата на Собранието ќе продолжи бидејќи „Собранието мора да ја работи работата за кое е задолжено“.
Првата седница на Народното собрание на Србија почна денеска, по тримесечна пауза, со предлог на дневен ред од 62 точки, а на крајот, како што претходно рече Брнабиќ, пратениците ќе ја констатираат оставката на премиерот Милош Вучевиќ, што ја поднесе на 28 јануари.