Fatjon Cuka
08 Јануари 2021•Ажурирано: 09 Јануари 2021
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, пристигна во Грција во работна посета, во чии рамки ќе се сретне со високите државни претставници на оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во врска со оваа посета, Рама на социјалните мрежи напиша дека во разговорите ќе се фокусираат во прашањата кои се поврзани со пандемијата на Ковид-19 и односите меѓу двете земји.
„Во Атина на работен ручек со премиерот Мицотакис за да разговараме за понатамошната координација во заедничката борба против Ковид-19, понатамошното зајакнување на стратешките односи меѓу двете земји, регионалната соработка и европската интеграција на нашиот регион“, нагласи Рама на социјалните мрежи.
Потсетуваме, меѓу двете земји сѐ уште е отворено прашањето за разграничување на поморските области, откако преговорите од неколку години претходно не се заклучени со договор.
Албанија во октомври минатата година потврди дека се согласила со Грција за решавање на ова прашање меѓу двете земји во рамките на меѓународното право.