Admir Fazlagic
21 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче соопшти дека вкупната бројка на пациенти со коронавирус (Ковид-19) во земјата се зголеми на 76, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76", објави министерот Филипче на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.
Тој информираше дека во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.
Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 18 март прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел полесно справување со борбата против ширењето на коронавирусот.